Арбен Таравари / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Таравари ја обвини владата од која беше дел до вчера, дека сакала да вработи партиски медицински сестри

„Причините поради кои ја напуштив оваа влада стануваат појасни. Болен е случајот каде медицинските сестри од тетовската болница работат непријавени и без плата. Инсистирав да ги вработам ама Вреди се спротиставуваа, зашто сакаа партиски вработувања“, напиша на Фејсбук Арбен Таравари, кој беше министер за здравство до пред две недели. 

За време на неговото министерување тој секогаш ги отфрлаше наодите за партиски вработувања во здравството и инсистираше дека се вработува според покажан квалитет.

Медицинските сестри од тетовската болница денеска излегоа на протест, барајќи повисоки плати и регулирање на нивниот работен однос. Дел од нив рекоа дека 10 години работат со договор на дело.

Од раководството на болницата велат дека решението не зависи од нив.

„Ние веќе имаме согласност од Министерството за здравство за продолжување на нивните договори, но сè уште чекаме одобрение од Министерството за финансии“, изјави директорот на тетовската болница, Агим Бериша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот