Танчерите од „Ритам Плус“ од танцов спортски натпревар во Солун се вратија со меѓународни признанија

Македонските натпреварувачи од Танцовиот спортски клуб „Ритам Плус“ – Скопје учествуваа на Меѓународниот танцов спортски натпревар „WDSF TDF“, што вчера се одржа во Солун. Танчерите остварија исклучителни резултати и се закитија со признанија.

„Успесите кои ги постигнаа уште еднаш потврдија дека македонските натпреварувачи заслужуваат сериозна поддршка, бидејќи нивниот квалитет го препознаваат и меѓународните реномирани судии, лиценцирани од Светската спортска танцова федерација“, информираат од ТСК „Ритам Плус“.

Сашка Колеска освои прво место во категоријата латиноамерикански танци, соло- возрасни. Мила Димовска го освои третото место во категоријата – латиноамерикански танци, соло – возрасни.

Ана Колевска го освои второто место во категоријата – латиноамерикански танци, соло – пионери 2.

Арсениј Шаповалов и Теодора Стојановска освоија второ место во категоријата латиноамерикански танци, танцови двојки – млади младинци и четвртото место во стандардни танци.

Лука Димовски и Ана Колевска освоија второ и трето место во својата старосна група – пионери 2 во категориите стандардни и латиноамерикански танци.

Ана Јанческа се пласираше во финале во својата категорија и го освои седмото место. Глорија Синколова, како што наведуваат, беше одлична на своето прво претставување надвор од нашата држава по минатогодишниот успех во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот