Талибанци / Фото EPA-EFE/STRINGER 40525

Талибанците ја објавија конечната одлука за исклучување на оптичкиот интернет во Авганистан

Лидерот на талибанците, Хибатула Акунџад, наредил целосно прекинување на оптичкиот интернет низ целиот Авганистан.

Според извори од Кандахар, разговорите меѓу делегацијата на талибанците во Кабул и раководството во Кандахар не донеле никаков напредок и Акунџада „одбил да разгледа или отвори дискусија за одлуките за исклучување на интернетот“, објавува порталот „Афганистан интернешнл“.

Акунџада наредил формирање нова компанија која ќе обезбедува интернет само за државни институции и дипломатски мисии.

На државниот оператор „Салам“ би можело да му биде дозволено да дистрибуира ограничени интернет услуги.

Исто така, само мал број приватни компании ќе имаат сметки на WhatsApp, со посебни дозволи издадени од талибанските власти и со строг мониторинг.

Прекинот на оптичкиот интернет е потврден во покраините Балх, Кандахар, Урузган, Хелманд и Нимроз.
Информации за прекини на услугите дојдоа и од Баглан, Газни, Парван и Херат.

Поради прекинот на услугите, банкарските услуги во Мазар-е-Шариф се сериозно погодени, како резултат на што властите им доделија исклучоци на банките, канцелариите за лични карти и некои други институции.

Интернетот беше вратен за овие институции до пладне.

Министерствата за финансии, економија и централната банка се спротивставија на одлуката, предупредувајќи дека онлајн системите на владините институции ќе бидат радикално загрозени со намалување на брзината на интернетот или негово целосно исклучување.

Онлајн наставата е прекината во многу области, бидејќи учениците и наставниците не можат да пристапат до содржината на курсот.

Девојчињата се особено погодени, бидејќи исклучувањето на интернетот „ја затвори вратата кон онлајн училиштето за девојчиња“, отежнувајќи го пристапот до образование откако им беше забрането да одат во средните училишта и универзитетите.

Извор близок до властите изјави дека наредбата на Акунџада е неповратна и ќе се применува низ целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот