
Талентираните ученици во Кисела Вода можат да се пријават за награди, објавен е јавен оглас
Општина Кисела Вода објави јавниот повик за доделување награди на талентирани ученици и спортисти од основните училишта на територијата на Кисела Вода.
Препорачано
На повикот, како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, можат да се пријават најдобрите основците што постигнале одлични резултати на натпреварите во образованието, културата, науката и спортот, кои ќе добијат финансиска поддршка. Мешовити комисии составени од претставници на советите на родителите, наставничките совети, општинската администрација ќе се погрижат за објективен и транспарентен избор на најдобрите, согласно правилниците донесени од Советот на општинат, за таа намена.
Огласот е објавен на веб страната на општината и ќе трае пет дена од денот на објавувањето, а покрај објавата на општинската веб-страна и социјалните медиуми, тој ќе биде објавен и на огласните табли на сите воспитно-образовни установи во општината.
Сите заинтересирани ученици за потребните документи и критериуми можат да се информираат во јавниот оглас, во кој не е наведен износот на наградите што ќе се доделуваат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
55мин
-
57мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5