Тајван знаме / Фото EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Тајван тврди дека регистрирал шест кинески балони над островот

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека вчера се регистрирани шест кинески балони кои летале над Тајванскиот Теснец, од кои еден прелетал над островот.

Другите пет балони одлетале над северниот дел на Тајван, но не прелетале над копното. Сите балони се движеле кон исток пред да исчезнат.

Претходно тајванското Министерство за одбрана ја обвини Кина за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај со балони и со психолошката војна против Тајванците, неколку дена пред изборите во Тајван, што се одржаа на 13 јануари.

Кинеското Министерство за одбрана минатиот месец одби да ги коментира инцидентите со балоните.

Користењето на балони за шпионажа од страна на Кина од февруари минатата година е глобално прашање, откако САД соборија кинески балон за надзор. Тогаш Пекинг соопшти дека балонот бил цивилно летало што залутало случајно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот