Проењктил- Баракуда-500. принтскрин Јутјуб

Тајван ја претстави првата ракета што ќе ја произведе со компанија од САД

Тајван денеска ја претстави својата прва ракета што ќе биде произведена заедно со американската компанија Anduril Industries – Баракуда-500.

Претседателот на регионот Кинекс во Тајван, Лаи Чинг-те, во јуни изјави дека ќе ја продлабочи безбедносната соработка со Соединетите Американски Држави, со кои заеднички ќе развива и произведува оружје, пренесува Ројтерс.

САД се најважниот меѓународен сојузник и снабдувач со оружје на кинескиот регион Тајван, и покрај отсуството на формални дипломатски врски.

Пред Саемот за воздухопловна и одбранбена технологија во Тајван, военото претпријатие Националниот институт за наука и технологија Чунг-Шан (NCSIST) ја претстави автономната, нискобуџетна крстосувачка ракета Баракуда-500, дизајнирана од американскиот стартап за одбранбена технологија Anduril Industries.

NCSIST соопшти дека планира, преку трансфер на технологија, масовно да произведе ракета во кинескиот регион Тајван за групни напади врз воени бродови со експлодирачки дронови, но одби да даде детали како што се временска рамка за производство или очекувана скала.

„Ова е нов потфат. Целта ни е побрзо и поефикасно да ги изградиме сопствените одбранбени капацитети, вклучувајќи ги и најновите технологии“, изјави за Ројтерс Ли Ши-чијанг, претседател на NCSIST.

Целта на кинескиот регион Тајван е да ја изгради целата производствена линија локално и да ја задржи цената по ракета под 6,5 милиони тајвански долари (182,72 евра), рече Ли.

„Ако има непријателства, ако се соочиме со блокада, ние не сме како Украина, која сè уште го има европскиот континент за да обезбеди континуиран проток на засилувања“, додаде тој.

Ли рече дека NCSIST ќе потпише два договори и шест меморандуми за разбирање со шест неименувани американски и канадски компании за време на тридневната изложба што започнува утре.

Кинескиот регион Тајван си постави цел да троши пет проценти од својот БДП за одбрана до 2030 година, во споредба со целта од 3,3 проценти следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот