Фото: Профимедиа

Мајк Тајсон се присети на ситуацијата кога Бред Пит го молел да не го тепа! (ВИДЕО)

Некогашниот боксер, Мајк Тајсон, во едно интервју истакна дека за актерот Бред Пит мисли сè најдобро, иако во еден момент го уловил во спалната соба со неговата сопруга.

Мајк Тајсон за една телевизиска телевизија, во постаро интервју, ги раскажа сите детали за таа непријатна ситуација, гостувајќи во некоја телевизиска емисија.

Како што раскажува боксерот, тоа се случило во време тој започнал бракоразводна постапка со тогашната сопруга Робин Гивенс и се подготвувал да оди кај адвокат за да ги поднесе документите за развод.

Сепак, за Тајсон одлучил да ја посети бидејќи сакал за последен пат да се збогува од неа.

Мајк вели дека токму во тој момент ги „уловил“ Бред Пит и неговата сопруга пред сексуалниот чин.  Тајсон додава и дека Бред се вкочанил кога го видел, што воопшто не му е чудно.

– Кога ме виде, целосно пребледе. Јасно можеше да се види дека е на некакви дроги и почна да ме моли да не го тепам – изјави поранешниот шампион во бокс.

Боксерот беше во брак со Робин само една година, од 1988-та до 1989-та година, а потоа таа кратко време се забавуваше со Бред Пит, пред тој да стапи во брак со актерката Џенифер Анистон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот