Фото: Архива

Тајни документи: Клинтон одбил да се сретне со британската кралица

Според документи од кои е тргната ознаката за тајност, поранешниот американски претседател Бил Клинтон одбил да се сретне со британската кралица.

Во декласифицираните документи на Даунинг стрит се вели дека за време на неговата посета на Велика Британија во 1997 година, американскиот претседател „мртов ладен” ја одбил љубезната покана на нејзиното височество за шолја чај, со објаснување дека повеќе би сакал да шета низ Лондон како обичен турист и да јаде нешто во индиски ресторан.

Таа годинакако што е објаснето, Клинтон и неговата сопруга биле во Лондон во посета на тогаш новоизбраниот британски премиер, Тони Блер.

Приватниот секретар на Блер официјално напиша во белешките дека американскиот претседател воопшто не изразил желба да се сретне со британската кралица, кога му било споменато да пие чај со кралицата Елизабета.

– Белата куќа дефинитивно не покажа никаква намера да оствари контакт со Палатата, напиша тој, додавајќи дека семејството Клинтон многу повеќе сакале понеформална посета на Лондон.

„Американците, претседателот Клинтон и неговата сопруга, рекоа дека се многу почестени од поканата, но тие учтиво ја одбија. Претседателот рече дека повеќе би сакал да биде турист, дека би сакал да ги посети лондонските градини, да оди на шопинг и да јаде нешто во индиски ресторан”, се наведува во документите, кои до неодамна беа класифицирани како тајни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот