
Тајгер Вудс и Ванеса Трамп и официјално потврдија дека се заедно
Љубовта помеѓу легендата на голфот Тајгер Вудс и Ванеса Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп-помладиот, цвета, а парот сега тоа го потврди и официјално на Инстаграм.
Препорачано
По повеќе од една недела гласини за нивната врска , парот конечно потврди дека се заедно. Тајгер Вудс, 49-годишниот повеќекратен победник на Мастерс и Ванеса, 47-годишната поранешна снаа на американскиот претседател Доналд Трамп, ја споделија веста со своите следбеници на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Љубовта е во воздухот и животот е подобар со тебе покрај мене! Напиша Вудс на 23 март на својот Инстаграм профил. „Со нетрпение го очекуваме нашето патување низ животот заедно“.
Заедно со емотивната објава, Тајгар сподели и две фотографии. Во една од нив, парот се релаксира заедно во хамак, додека Ванеса нежно ја става раката околу неговото рамо. На втората фотографија се гледаат како се прегрнати, стојат рамо до рамо, насмеани и видно среќни. Ванеса Трамп наскоро ја сподели својата објава на нејзината приказна, дополнително потврдувајќи ја нивната поврзаност.
Објавата доаѓа само неколку дена откако нивните деца, Чарли Вудс (16), син на Тајгер и неговата поранешна сопруга Елин Нордегрен, и Каи Трамп (17), ќерка на Ванеса и Доналд Трамп-помладиот, учествуваа на престижниот „Junior Invitational“ турнир во голф клубот Sage Valley во Јужна Каролина.
Минатиот месец Тајгер ја посети Белата куќа за да го одбележи месецот на историја на црнците. По тој повод, американскиот претседател уште еднаш го пофали како „еден од најголемите голфери во светот“. Во 2019 година, на Вудс му беше доделен Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно признание во Соединетите држави.
„Со него можеме да кажеме дека сме во присуство на вистинска легенда – исклучителен спортист кој целосно го трансформира голфот и достигна нови нивоа на доминација“, изјави тогаш американскиот лидер.