Утре без вода жителите на булеварите „Крсте Мисирков” и „Св. Климент Охридски”
Поради уличен дефект на водоводна цевка на булеварот „Крсте Мисирков” денеска без вода за пиење ќе бидат корисниците на булеварите „Крсте Мисирков” и „Св. Климент Охридски” (Адвокатската улица). Од Ј.П. „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на дефектот.