Како директорот на АНБ Бојан Христовски, добил диплома за факултет со 7 суштествени повреди, прашува Апасиев
Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски имал проблематични диплома и уверение за положени испити по економија од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, кои му се неопходен услов за да биде именуван за директор, рече пратеникот на Левица Димитар Апасиев. Тој денеска на пратенички прашања во Собранието, го праша премиерот Христијан Мицкоски …