ВИДЕО: Брајан Авиа со одличен резултат на младинското ЕП, постави личен рекорд
Атлетичарот Брајан Авиа оствари нов личен рекорд во скок во далечина со прескокнати 7.00 метри на Европското првенство за младинци (У20) во Тампере, Финска. Со овој одличен резултат, Брајан влегува во елитниот клуб на скокачи над 7 метри и уште еднаш го поставува своето име на мапата на европската атлетика.