ВИДЕО: Македонија во последните секунди до втора победа на ФИБА „Челенџер“

Фото: kfsm.mk

Нашата младинска репрезентација „Под 20“ години на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Шопрон (Унгарија) стигна и до вториот триумф откако во драматичен натпревар ја совлада Романија после едно продолжение.

Во вториот натпревар Македонија триумфираше над Романија со 79:78, во регуларните 40 минути резултатот на семафорот беше 67:67, откако Митевски не погоди за победа.

Во продолжението, на девет секунди пред крај, го почнавме нападот за триумф. При резултат (76:78), пет секунди подоцна, победата, втора на турнирот, со тројка, ни ја донесе Лука Савиќевиќ кој интересно до тој момент имаше лош процент на шут за три поени (0/6), но единствената негова тројка беше најзначајна на крајот за голема радост на избраниците на селекторот Тони Симиќ.

Кај стрелците Виктор Исајлоски беше најефикасен со 15 поени (девет скокови), по 13 поени запишаа Љубиша Димитровски (пет скокови, четири асистенции) и Давид Наумоски (девет скокови).

На спротивната страна 19 коша и 15 скокови беа дело на Маријан-Александру Дуика, а „дабл-дабл“ учинок имаше и Лука Колчеаг (18 поени, 10 скокови).

Утре, во истиот термин, на истото место, „Новоматик Арената“ во Шопрон, го играме третиот меч на турнирот, а противник е селекцијата на Швајцарија. Во текот на вчерашниот ден славевме на стартот против Луксембург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот