ВИДЕО | „Боли, но тоа се бара“: Танчар од Македонија го расплака жирито во хрватско шоу за таленти
Четирикратниот светски шампион во модерен балет, гостиварчанецот Анди Исмаили, ѝ остави силен впечаток на Мартина Томиќ пред еден месец и тогаш си обезбеди директен влез во полуфиналето на хрватското шоу „Суперталент“. Ова петнаесетгодишно момче повторно ја воодушеви жири-комисијата, а и целата публика, со својата динамична кореографија на песната „Skyfall“ на британската пејачка Адел. „Вие сте …