Прво засилување во Дебар Маало, Билали ново име во редовите на Работнички
Македонскиот прволигаш Работнички денеска го промовира првото засилување во јануарскиот проден рок, а тоа е Сабит Билали. Билали потпиша двегодишен договор со екипата од Дебар Маало и ќе биде засилување за тимот на Гоце Седлоски. Овој 26-годишен фудбалер претходно играше за Партизани, Шкендија, Шкупи, Македонија Ѓорче Петров и Гостивар.