ВИДЕО | Полицаец казни колега кој вози над дозволеното додека оди на работа
„Одам на работа“, му рекол полицаецот Александар Шауни на негов колега откако бил запрен поради пребрзо возење. Тој возел со 120 км/ч во зона каде било дозволено 70 км/ч на улица во Флорида со обележано полициско возило. Полицаецот кој пребрзол подоцна бил уапсен и обвинет за голем број прекршоци, вклучително и несовесно возење.