ВИДЕО: Рама објави снимка за која тврди дека е од подметнување пожар, најави дека потпалувањето ќе се израмнува со убиство
Албанскиот премиер Еди Рама објави видео на „Фејсбук“ на кое тврди дека се гледа подметнување пожар во Албанија. Тој намерното палење на отворен простор го нарече „предавство“. Видеото од наводното подметнување, според албанскиот премиер, е снимено од турски дрон „Бајрактар“ на албанското воздухопловство. „Намерното палење не е само злосторство, туку и предавство на нашата земја …