Настанот „Македонско ќоше“ во Кинотеката ќе донесе различни ракурси на млади автори со силен потенцијал
Селекција на млади македонски филмски автори и нивните филмови од најновата продукција на 28 јануари, со почеток во 19 часот, ќе биде прикажана во рамки на вечерта насловена „Македонско ќоше“ во Кинотеката. Проекциите на филмовите во рамки на „Македонско ќоше“ ќе бидат проследени со разговори со авторите. На програмата се пет кратки играни филмови од …