Синодот на МПЦ – ОА: Да се зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) очекува Владата и сите останати општествено-политички фактори да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи. Синодот, во соопштението по денешната вонредна седница на која дискутирало …