Концертната 2025 година Симон Трпчески со „Македонисимо“ ја почнува со настап во Темишвар
Нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, концертната 2025 година ја стартува на 17 јануари во Темишвар, Романија, со оркестарската изведба на проектот „Македонисимо“. Придружувани од Симфонискиот оркестар на Филхармонијата „Банатул“ од Темишвар, под диригентската палка на Раду Попа, квинтетот „Македонисимо“ на овој концерт ќе го сочинуваат и Владимир Крстев на виолина; Александар Сомов на …