ДКСК ќе истражува како татко му на Андоновски станал советник на Мицкоски, а брат му – началник во АНБ
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска оформила предмет за министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, откако беше откриено дека неговиот татко Љупчо Андоновски станал советник на премиерот Мицкоски, а неговиот брат, Игор Андоновски, на крајот на декември бил назначен за началник на најголемиот, скопскиот сектор во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), објави „Телма“. …