Ѓоргиевска: Телесната автономија е основно човеково право, а сепак останува неостварливо за премногу жени и девојки ширум светот
Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција на високо ниво „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки”, што се одржува во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија. Конференцијата, чиј домаќин е г-а Ѓоргиевска, се одржува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации …