ПРЕСВРТ, нова емисија на „Слободен печат“
„Слободен печат“ започнува со уште еден нов проект со кој се надеваме дека ќе го збогатиме домашниот медиумски етер. Секоја седмица во магазинот насловен „Пресврт“ ќе имаме интересни и екслузивни гости во доменот на надворешната и домашната политика, економијата, глобалната безбедност како и регионалните меѓудржавни односи. Нашиот фокус ќе биде на динамичните промени во светот …