Авиончето што прска против комарци пак ќе забрмчи во четврток наутро
Утре наутро ќе се спроведе авионска дезинсекција на подрачјето на Скопје за уништување на ларви од комарци, соопштија надлежните. Доколку временските услови не овозможат реализација на активноста, прскањето ќе се изврши наредниот ден во истиот термин, кога ќе има поволни услови. Град Скопје апелира до пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелите.