Највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата беа врачени на поетското читање „Мостови“
Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, како и меѓународното поетско читање „Мостови“ на 24 август на Мостот на поезијата во Струга заврши 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на словачкиот поет Иван Штрпка му ја врачи директорот на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, …