ВИДЕО: Кози мирно брстат жива ограда на скопски булевар
Снимка од стадо кози кои, незаинтересирани за бучавата и околниот густ сообраќај, мирно брстат грмушки меѓу двете коловозни ленти на скопски булевар, е објавена на социјалните мрежи. Пасторалната сцена, на која добро би ѝ дошла соодветна музичка подлога со кавал, е снимена на булеварот „Илинден“ во населбата Карпош.