
„Таа е богат стаорец…“: Протече стара објава на Карла Софија Гаскон за колешката Селена Гомез
Откако оваа недела протекоа расистички и навредливи објави на социјалната мрежа Икс (поранешно Твитер) од ѕвездата на филмот „Емилија Перез“, Карла Софија Гаскон, сега протече и нејзината објава за актерката и колешка Селена Гомез, која глумеше со неа во споменатиот филм.
Препорачано
Имено, во 2022 година, додека фокусот беше на конфликтот помеѓу Селена, која е поранешна девојка на Џастин Бибер, и неговата сегашна сопруга Хејли Бибер, Карла напишала: „Таа е богат стаорец кој се однесува сиромашно секогаш кога може и таа никогаш нема да престане да го малтретира нејзиното поранешно момче и неговата сопруга“.

Што се случуваше помеѓу Селена Гомез и Хејли Бибер?
Хејли трпеше долгогодишно злоставување на интернет од обожавателите на Селена кои тврдеа дека манекенката го „украла“ Бибер од пејачката и дека таа е причината за раскинувањето. На крајот на септември, Хејли зборуваше за сè во подкаст.
„Кога тој и јас почнавме да се гледаме, тој не беше во врска. Јас не сум таков човек да се впуштам во нечија врска. Никогаш не би го направила тоа”, рекла таа и додала дека ја почитува Селена и открила дека разговарале откако таа и Бибер се венчале.
Таа ги коментираше и наводите дека Селена го поддржала малтретирањето со тоа што никогаш директно не ја заштитила Хејли пред нејзините обожаватели.
„Таа е на сцената многу подолго од мене, таа дефинитивно знае некои работи што јас не ги знам. Можеби едноставно одлучила дека тоа нема да помогне“, изјавила Хејли тогаш.
Што друго објави Карла Софија Гаскон?
Многумина сега се прашуваат дали 52-годишната Карла Софија Гаскон тогаш знаела дека ќе работи со Селена Гомез и каков е односот меѓу нив на сетот на филмот Емилија Перез. Не е ни познато дали Селена знаела дека овие објави воопшто постојат.
За потсетување, во објавите преведени од оригиналниот шпански јазик, 52-годишната шпанска актерка, меѓу другото, напишала дека „Исламот стана плодна почва за инфекција за човештвото која итно треба да се излечи“ и ги опиша муслиманите како „ одбивно човештво“.
За време на движењето „Црните животи се важни“, кое избувна откако Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен среде бел ден од бел полицаец во Минеаполис, актерката објави: „Навистина мислам дека многу малку луѓе навистина се грижеа за Џорџ Флојд, измамникот и зависник од дрога, но неговата смрт послужи да покаже уште еднаш дека има луѓе кои сè уште ги сметаат Афроамериканците за мајмуни без права, а полицајците за убијци. Сите тие грешат“.
За време на пандемијата „Ковид-19“, Гаскон напиша: „Толку многу научници во светот прават бомби, толку многу научници конструираат вселенски објекти, толку многу медицински компании и никој не се справува со оваа кинеска глупост. Тоа е големо шоу, но тоа е всушност нов вид на грип“.
Откако нејзините објави излегоа на виделина, актерката за „Вараети“ се извини за минатите објави, а набргу потоа го деактивираше својот профил на Икс.
Селена Гомез изгуби 715 илјади следбеници по објавувањето на видео во кое го критикува Трамп