
СЗО за училиштата: Европа е на пресвртница, време е да донесеме тешки одлуки
Европа е соочена со пресвртница во борбата против новиот коронавирус поради зголемениот број на заразени лица, почетокот на учебната година и доаѓањето на есента, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, Мајкл Рајан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Време е да се запре „ловот на фатаморгана” и да се донесат тешки одлуки со цел да се заштитат најранливите и да им се овозможи на децата да одат на училиште, дури и по цена на неизбежни жртви, рече Рајан.
– Во Европа, луѓето наскоро ќе почнат да се враќаат во затворените простори. Притисокот од инфекцијата ќе се интензивира, рече официјалниот претставник на СЗО на виртуелна прес-конференција.
Рајан и Ван Керхове објавија водич за здравствените мерки за сузбивање на ковид-19 во училиштата.
„Не постои нулта стапка на опасност“, истакна главниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус.
-По деветомесечна криза имаме појасна слика за тоа како новиот коронавирус делува на децата, иако на многу прашања сѐ уште немаме одговор, рече тој.
Уделот на младите од 20 години во вкупниот број на заразени е помал од 10 отсто, а меѓу починатите е помал од 0,2 отсто.
Училиштата не треба да се затвораат, освен во „краен случај“, на подрачјето каде коронавирусот нагло се шири, оцени тој.
Директорката на УНЕСКО Одри Азулеј истакна дека половина од училишните деца во светот сѐ уште не се вратиле во училишните клупи и дека 11 милиони девојчиња можеби воопшто нема да се вратат на училиште.