
СЗО стравува од голема здравствена криза во Турција и Сирија по катастрофалниот земјотрес
Светската здравствена организација смета дека со земјотресите во двете земји се погодени околу 23 милиони луѓе, вклучително и пет милиони од ранливите групи. СЗО стравува од голема здравствена криза, особено поради ширењето на колерата во Сирија.
Препорачано
Бројот на загинати во страшните земјотреси во Турција и Сирија надмина 29.000. Спасувачките операции продолжуваат седми ден по ред, но надежта да се пронајдат преживеани е сѐ помала.
Турските власти соопштија дека во земјотресот се урнале околу 6.500 згради, а голем број се оштетени во подрачјето кое настрада од катастрофата. Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека во Турција загинале 24.617 лица, а досега е потврдена и смртта на 3.575 луѓе во Сирија, од кои 2.167 се во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата. Според сириските медиуми, кои се повикуваат на сириското Министерство за здравство, уште 1.408 лица загинале во областите под контрола на владата.
Десетина земјотреси се регистрирани синоќа и во текот на ноќта во Турција и на границата меѓу Турција и Сирија, од кои најсилниот бил со јачина од 4,3 степени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
49мин
-
51мин
-
54мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5