Елина Свитолина/фото: EPA-EFE/Miguel Sierra

Свитолина сепак настапи во Монтереј и ја победи Русинката Потапова: Сите пари ќе ги донирам на украинската војска

Украинската тенисерка Елина Свитолина сепак одлучи на настапи на турнирот во Монтереј и во првото коло ја победи Русинката Анастасија Потапова.

Пред стартот на турнирот Свитолина изјави дека се повлекува од турнирот бидејќи не сака да игра против тенисерка која од доаѓа од земјата што изврши агресија врз Украина.

Но, Украинката ја промени одлуката и во емотивниот меч кој поради војната го привлече вниманието ја јавноста со 6:2,6:1 ја победи Потапова.

Таа по мечот имаше емотивно обраќање во кое го изнесе својот став за војната во нејзината земја и порача дека паричната награда ќе ја донира за украинската војска.

– Ова за мене беше посебен меч. Од самиот старт морав да бидам подготвена за се што може да случи. Сите пари што ќе ги заработам на овој турнир ќе ги донирам на украинската војска. Не ги обвинувам за ништо руските спортисти, тие немаат никаква вина за тоа што се случува во Украина – изјави Свитолина.

Наредна противничка на Свитолина која е прва носителка на турнирот во Монтереј ќе биде Бугарката Викторија Томова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот