Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Светските берзи во пад поради царините на Трамп
Главните берзански индекси во Лондон и низ Европа утринава забележаа пад во првите часови од тргувањето, откако стапија на сила царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.
Препорачано
Лондонскиот FTSE 100 падна за 2,2 отсто во почетокот на тргувањето, со што се смени поголемиот дел од добивките во вторникот.
Германскиот индекс DAX забележа пад од околу 2,3 отсто, додека францускиот CAC 40 ослабна за 2,4 отсто. Во минус беше и шпанскиот индекс IBEX, за 2 отсто.
Остар пад утрово имаа и азиските берзи, бидејќи требаше да стапат на сила царините од 104 отсто за кинескиот увоз во САД, додека доларот ослабна во однос на јапонскиот јен и швајцарскиот франк, побезбедни валути во неизвесни времиња.
Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше во минус за речиси 2 отсто во 7:00 часот.
Јапонскиот индекс Никеи потона за повеќе од 4 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 1,6 и 1,9 отсто. Во Шангај, пак, тие благо се зголемија.
Откако вчера Никеи скокна за 6 отсто, поттикнат од надежите на инвеститорите за разговори меѓу Јапонија и САД за царините, утрово загуби голем дел од добивките.
Во меѓувреме, јужнокорејскиот индекс Коспи падна на повеќе од 20 отсто под рекордното ниво.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
21мин
-
37мин
-
52мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5