
Светски ден на здравјето: Иднината на медицината е во рацете на младината
Под покровителство на сопругата на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Денот на здравјето, денеска се организираше тркалезна маса на која учествуваа д-р Милена Стевановиќ, Елена Ковачевска и група млади студенти од областа на медицината.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Фокусот на дискусијата беше насочен кон иднината на медицината, со особено внимание на менталното здравје на младите, можности за младите доктори во нашата држава, како и предизвиците кои се пред нив.
Ѓоргиевска го истакна значењето на менталното здравје кај младите, посочувајќи дека темелното разбирање и интеграција на оваа компонента во медицинското образование е клучно за развојот на целосно подготвени здравствени професионалци. Таа ја нагласи важноста од промовирање на свесноста и поддршката за менталното здравје, особено во контекст на стресот и притисокот со кои се соочуваат младите луѓе во нивното образование и различни фази на кариерата.
Како професор и доктор, ја имам привилегијата секој ден да работам со талентирани и посветени студенти. Тоа ми овозможува да бидам дел од нивното образование и развој, што е исклучително инспиративно и исполнувачки. Сепак, се соочувам со сериозен предизвик – голем број од моите најдобри студенти си заминуваат во странство во барање на подобри можности. Ова е проблем со кој мораме активно да се бориме, ангажирајќи се да создадеме подобри услови за нив овде, дома – посочи Ѓоргиевска околу одлевањето кадри.
Таа посочи дека како координатор на Еразмус програмата, веќе неколку години се обидува да обезбеди можности за нашите млади да искусат и учат од европските метрополи, со цел тие да ги пренесат своите стекнати знаења и вештини назад во земјава. и ги охрабри младите земја. да ги искористат различните можности и стипендии што ги нудат Министерството за образование и наука и различни амбасади.
Младите студенти активно учествуваа во дискусијата, споделувајќи свои искуства и мислења за иднината на медицината и своето место во неа. Тие ја истакнаа потребата од поинклузивен пристап кон менталното здравје и подобрена поддршка во нивните образовни и професионални патеки.