Фото: EPA-EFE/LEGNAN KOULA

Светската програма за храна планира да обезбеди помош за 600.000 Палестинци во Појазот Газа и Западниот Брег

Светската програма за храна (WFP) соопшти дека сака да обезбеди помош во храна за дополнителни 600.000 Палестинци во Појасот Газа и Западниот Брег.

Агенцијата на ОН со седиште во Рим веќе им помага на речиси 200.000 луѓе на палестинските територии, но сака да започне итна операција за да обезбеди помош во храна за вкупно 800.000 луѓе, изјави портпаролот на оваа организација.

  • WFP бара 17,3 милиони долари за решавање на „критичната ситуација“ во следните четири недели, каде што луѓето „се соочуваат со тешки околности, немаат пристап до храна, вода и основни резерви“, се вели во соопштението на агенцијата.
  • WFP и Светската здравствена организација (СЗО), исто така, повикаа на создавање хуманитарен коридор за давање помош и хуманитарна помош за Газа, која е под израелска опсада.
  • WFP соопшти дека вчера дистрибуирала готова храна за 73.000 луѓе заедно со Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNRVA).

Покрај тоа, WFP почна да префрла готовина на 164.000 луѓе во Газа и на Западниот Брег, во форма на ваучери што може да се заменат за храна во локалните продавници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот