Светот до 2025 година: Бројот на богаташи ќе го надмине вкупниот број на жители на Црна Гора

Списокот на супербогаташи во светот лиј имот се проценува на преку 30 милиони долари ќе се зголеми за 27 отсто до 2025 година, предвидува „Најт Френк“. Според проценките на глобалната консултантска куќа, бројот на богаташи во наредните пет години ќе го надмине вкупниот број на жители на Црна Гора и ќе достигне 663.483.

Кина во 2020 година забележа најголем пораст на бројот на супербогати – 9.594, следуваат САД со 6.080 и Јапонија со 1.190.

–  Зошто во време на глобална пандемија и на економска криза се занимаваме со богаташи? – Едноставно речено мораме, ако сакаме да ги разбереме карактеристиките на пазарот и вложувања во имот, бидејќи имотните поединци се главен дел од оваа приказна. Поради недостаток на увид во однесување и ставови на еден процент од светската популација, креаторите на политики и инвеститорите ризикуваат со погрешно толкување на економските трендови, изјави за порталот „Јаху фајнанс“, Лијам Бејли, шефот на истражување во „Најт Френк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот