Фото: Скриншот/Јутјуб

Суспендиран од „Јутјуб“: Расел Бренд останува без милион фунти годишно

„Јутјуб“ ги суспендираше приходите на актерот Расел Бренд од неговиот канал. Компанијата во сопственост на „Гугл“ објави дека нивниот потег е резултат на „прекршување на политиката за одговорност на авторот“, пренесе „Гардијан“.

Имено, „Јутјуб“ го суспендираше Бренд по обвиненијата за сексуален напад врз четири жени. Раководството на веб-страницата објави дека го суспендирале неговиот канал, што значи дека неговите видеа повеќе не можат да се монетизираат на таа платформа.

Како потсетување, Бренд е обвинет од четири жени за силување, напад и емоционално малтретирање во периодот меѓу 2006 и 2013 година, кога беше на врвот на својата слава и работеше за „Би-би-си“ и глумеше во холивудски филмови. Обвинувањата против него ги објавија „Сандеј тајмс“ и документарната програма на телевизијата Канал 4. Но, Бренд ги негираше сите обвинувања и додаде дека сите сексуални односи што ги имал „биле консензуални“.

Се чини дека актерот ја очекувал оваа забрана од страна на познатата видеоплатформа, па голем дел од неговата содржина ја префрлил на конкурентната веб-страница Рамбл, иако таа има релативно слаба посетеност.

„Ја суспендиравме монетизацијата на каналот на Расел Бренд поради прекршување на нашата политика за авторска одговорност. Доколку однесувањето на авторот надвор од платформата им наштетува на нашите корисници, вработени или на системот, ние преземаме мерки за заштита на заедницата“, изјави портпаролот на „Јубјуб“.

Експертите проценуваат дека Бренд, веројатно, заработува помеѓу 2.000 и 4.000 фунти по видео, што, врз основа на пет видеа неделно, може да генерира близу 1 милион фунти годишно.

ВИДЕО | Познатиот актер Расел Бренд обвинет за силување и сексуален напад на 4 жени, вклучувајќи и 16-годишно девојче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!