Суперјахтата на руски олигарх вредна стотици милиони долари оди „на барабан“: Се продава како запленет имот

Суперјахтата „Амадеа“, која беше запленета од Соединетите Американски Држави во 2022 година од рускиот олигарх Сулејман Керимов, ќе биде ставена на аукција до 10 септември.
Според Министерството за правда на САД, бродот долг 106 метри со базен, џакузи, хелиодром и теретана, кој може да смести до шеснаесет патници во осум луксузни кабини, е проценет на 325 милиони долари. Јахтата му припаѓа на олигархот Сулејман Керимов, кој е под санкции на САД.

Иако победничкиот понудувач најверојатно ќе може да ја купи Амадеа за значително помалку од нејзината проценета вредност од 325 милиони долари, сепак се очекува конечната цена да биде превисока за повеќето. Понудувачите мора да платат депозит од 10 милиони долари за запечатената аукција на 10 септември.

„Ова може да биде најспектакуларниот, најпредизвикувачки и најубав брод што некогаш ќе го видиме“, рече претседателот на Националната поморска служба, Боб Тони.

Бродот беше запленет на Фиџи пред три години. Процесот на конфискација не помина непречено. Според неодамнешниот судски извештај, американската федерална влада имала приближно 32 милиони долари трошоци поврзани со одржувањето, складирањето и транспортот на Амадеа- пишува Кликс.ба.

Владата се обидува да го натера Едуард Худаинатов, друг руски олигарх, да ја плати сметката за тие трошоци, тврдејќи дека токму неговиот обид да го побара бродот го запрел процесот на аукција. Таа правна битка ќе продолжи во наредните месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот