
Супердесерт на Сара Павловска: Кремасти барови со лимон
Сара Павловска е млада девојка која по професија е сметководител, а во слободното време сака да ја изразува својата креативност со експериментирање во кујната.
Препорачано
Вкусните рецепти на Сара можете да ги прочитате на нејзиниот инстаграм-профил @spavlovskaaa кој, патем, е вистинско визуелно уживање.
Овојпат, Сара ни споделува предлог кремаст десерт за сите оние кои го сакаат вкусот на лимонот, а истовремено се и вегани.
Потребни состојки:
За тестото
– 80 грама овес
– 150 грама микс од бадеми и лешници
– Една лажичка мед
– Три лажици кокосово масло
За филот
– 150 грама индиски ореви
– Половина лажичка сок од лимон
– 120 грама крем од кокос
– Малку кора од лимон
– Малку сол
– Една лажичка мед
Подготовка:
Ставете ги индиските ореви во сад и прелијте ги со врела вода. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 180 степени.
Ставете ги овесот, бадемите и лешниците во блендер и мешајте додека не добиете убава смеса. Префрлете ја добиената смеса во сад за матење и додајте ги кокосовото масло и медот. Ако ви е сува смесата, додајте уште малку кососово масло или мед. Префрлете ја смесата во сад за печење и рамномерно распоредете ја.
Додека тестото се пече, исушете ги индиските ореви и ставете ги во блендер со кремот од кокос, сокот од лимон, солта и медот. Мешајте додека не добиете кремаста текстура.
Прелијте го добиениот фил врз претходно испеченото тесто и премачкајте го во рамномерен слој. Оставете го да отстои десет минути и потоа префрлете го во фрижидер да се олади најмалку четири часа или, најдобро, да отстои во фрижидер преку ноќ.
На здравје!
View this post on Instagram
Сара Павловска со идеја за здрав десерт: Какао бомбици со урми