Мартин Серафимов („РК Алкалоид“) беше најефикасен во победата над Охрид во салата „Билјанини Извори/фото: facebook.com/rkalkaloid

Супер лига: РК Алкалоид минимално триумфираше против РК Охрид, Серафимов прв стрелец

Нови суперлигашки бодови за ракометарите на Алкалоид предводени од тренерот Кирил Лазаров откако со 28:29 славеа кај РК Охрид во салата „Билјанини Извори“. Охриѓани се покажаа како доста цврст и незгоден противник за тимот кој претендира за висок пласман оваа натпреварувачка сезона.

Иако гостите имаа неколку пати два голови разлиkа, ниту една од екипите немаше предност по првото полувреме (16:16). Играчите на Лазаров одиграа многу подобро во вториот дел, стекнаа позитива од „плус шест“ (24:18).

Алкалоид до крајот на мечот не го испушти водството, иако домаќините се погрижија на крајот да го ублажат поразот до „минус еден“.

Македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов постигна 12 голови во победничките редови, а на спротивната страна репрезентативецот на Турција Халил Озтурк девет пати се запиша во листата на стрелците.

На табелата во групата „А“ Алкалоид е на второто место со 27 бодови, три помалку од водечкиот Вардар 1961, додека Охрид е на третата позиција со 18 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот