Гаврил Бубевски / МИА

Судството е на дното на доверба кај граѓаните а за тоа виновна е фелата, тврди Бубевски

Аболиции, законски измени и низа други крупни одлуки што беа донесени изминатите години влијаеа на постапувањата на правосудните органи, вели основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски за Радио Слободна Европа.  Сепак тој  признава дека најголем дел од вината за ниската доверба во судството во земјава е „во сопствените редови“.

– Би можеле и цел ден да зборуваме за тоа кои се причините и веројатно поголемиот дел од граѓаните во оваа држава сакаме да имаме еден праведен и правичен систем во којшто ќе имаме одговорност за сите, но за жал последните години не само по вина на правосудните органи се донесоа прилично крупни одлуки во оваа држава коишто на еден начин ги засегнаа постапувањата на правосудните органи, како на пример: амнестии, законски норми и др…кои имплицираат постапувања на правосудните органи во насока на тоа луѓето да го доживуваат тоа како нефункцонирање на правдата. Тоа е едниот аспект. Но, веројатно најголем дел од вината лежи во нас самите, но сметам дека сега е моментот ние како правосудна фела да се издигнеме над сето ова, бидејќи јавноста очекува од сето тоа нешто да биде – вели Бубевски.

Според јавниот обвинител Гаврил Бубевски застареноста на делото за Даравелски е веќе завршена работа, но конфискација на имотот не зависи од застарувањето. Тој вели дека за него реална е опасноста поранешниот шеф на УБК Мијалков да се спаси од казната во „Титаник 2“, но се надева дека нема да застарат предметите „Таргет-тврдина“ и „Трезор“ во кои исто така тој е еден од обвинетите. Бубевски не очекува со супервештачењето, вината за автобуската несреќа кај Ласкарци да падне само врз возачот.

-Исто како и секој граѓанин во оваа држава. Нормално дека сите тие кои се бориме за правдата и правичноста, да има одговорност за тоа што го направил, овој институт во овој контекст сега ни прави одредени проблеми. Тука има и субјективни и објективни фактори. Еден од објективните беше короната што зафати две години со судењата, но има и субјективни за кои ќе се произнесат надлежните институции. Сепак сметам дека во контекст на Таргет-Тврдина нема да донесе до таков епилог бидејќи имаме сериозно време во коешто може да се произнесат сите инстанци по однос на овој кривично правен настан – посочува Бубевски.

Тој за предметот Титаник 2 вели дека можно е да застари делото во кое обвинет е Мијалков.

Во врска со Титаник 2 тука постои поголем страв од застарување во однос само на обвинетиот Сашо Мијалков, во однос на другите обвинети нема опасност од застареност на нивните дејствија. Во однос на Мијалков има таква опасност, како што кажавте и вие, тоа е април. Но, пресудата основниот суд ја изготви во брзо време, така да сметам и очекувам дека и во овој случај ќе има одлука во рокот во којшто е предвиден пред да настапи застареност за обвинетиот – вели Бубевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот