Седница на судски совет / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Судскиот совет денеска одлучува како ќе работи за време на изборите

Судскиот совет денеска ќе ја одржи 528. седница, на која ќе се разгледува начинот на постапување и работа на Советот за време на изборниот процес.

Претседателот Александар Камбовски претходно најави дека Советот ќе донесе јасна одлука дали во изборниот период целосно ќе ја прекине работата или ќе продолжи со дел од постапките, додека изборот на судии ќе се одложи за по завршување на изборите.

„Внимаваме нашата работа да не се доведе под сомнение и да не биде поврзана со политички случувања“, истакна Камбовски.

Покрај оваа точка, на дневен ред се и тримесечните извештаи за работа на судовите за периодот април – јуни 2025 година, како и расправа по претставки и поплаки поднесени од граѓани и правни лица за работата на судиите, претседателите и самите судови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот