Фото: Фејсбук

Судот одлучува дали ќе и го одземе пасошот на Лидија Димова

Денеска во Кривичниот суд, по барање на судија на претходна постапка дојде сменетата директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова. Таа е осомничена за злоупотреба на пари од европските фондови. Судот денеска за нејзе треба да одлучи дали ќе и ги одземе двете патни исправи, едниот редовен пасош, а вториот е дипломатски.

Обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, од Судот побара како мерка претпазливост да и биде изречено повремено јавување во судот, одземање на пасошот и забрана за вршење на одредени дејности. На распит беше и осомничениот Александар Гочев, за кого исто така беа побарани мерки на претпазливост.

Судот одлучи да му биде одземен пасошот на Зоран Златковски, сопственик на фризерницата В.Е.З. Трејд, фирма која од Националната агенција добила 270 илјади евра.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори случај по претходна кривична пријава од Финансиската полиција. Во неа се сомничат четири лица, односно, Лидија Димова, Александар Гочев, Зоран Златковски и благајничката Ана Павлиду.

Димова и нејзините соработници се осомничени за измама, а кривичната пријава им ја поднесе финансиската полиција. Според пријавата тие предизвикале штета од над 400.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот