Моторот по несреќата ФОТО/ Слободен печат

Судот го пушти во куќен притвор моторџијата што го усмрти Југо

Возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош наместо во притвор, ќе го чека епилогот од истрагата во удобноста на својот дом, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд, не ја уважи предлог-мерката на обвинителката која бараше ефективен притвор, односно возачот кој беше во бегство, да биде спроведен во затворот во Шутка.

Скопјанец со мотор смртно прегазил пешак во населбата Даме Груев

Засега не се познати деталите од решението, односно, зошто судијата се решил лице кое беше во бегство, да го остави во куќен притвор. Од Обвинителството посочуваат дека жалбата за ваквата мерка е веќе дадена и се чека одлуката на Кривичниот совет. Обвинителката инсистира на мерка ефективен притвор. Инаку, трагедијата се случи на скопскиот Кеј, на пешачка патека. Возачот на мотоциклот немал ниту дозвола. Жртвата, скопјанецот Југо (Југослав Николовски), излегол да фрли отпад, а бил усмртен под прозорецот на неговиот стан.

Претходно бил осудуван за насилство како малолетник и прекршување на ковид прописите.
-Целосно казнена и прекршочна евиденција од судот. Кај нас евидентира со една пресуда за насилство како малолетник и една за здравствени прописи во време на КОВИД- велат од обвинителство за Слободен печат..

ОЈО со истражна постапка против возачот на мотор кој на пешачка патека го усмрти Југослав Николовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот