Лијам Пејн / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Судот ги ослободи од обвиненија пријателот на Лијам Пејн и двајца вработени во хотелот каде што тој трагично почина

Аргентинскиот суд ослободи три лица кои беа обвинети за наводна вмешаност во смртта на британскиот пејач Лијам Пејн, објавија локалните медиуми.

Судот ги отфрли обвиненијата против бизнисменот Рохелио Норес, пријател на Пејн, кој наводно работел како негов менаџер, како и против двајца вработени во хотелот во кој почина Пејн, пренесе „Би-би-си“.

Британскиот пејач и поранешен член на бендот „Уан Дајрекшн“ Лиам Пејн (31) почина на 16 октомври минатата година во Аргентина, паѓајќи од третиот кат во хотел во Буенос Аирес.

За смртта на пејачот обвинети се три лица, осомничени дека го снабдувале со дрога. Телото на Пејн го пронашла полицијата откако одговорила на повикот дека во хотелот има „агресивен маж кој можеби е под дејство на психоактивни супстанци“.

Лиам Пејн е роден во англискиот град Вулверхемптон во 1993 година, а својата музичка кариера ја започна во британското шоу „The X Factor“, кога беше формирана групата „Уан Дајрекшн“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот