Фото: EPA/PAUL BUCK

Судијата повторно ја одби кауцијата на Диди поради ризик од бегство и опасност за заедницата

Федерален судија го одби барањето за кауција на Шон Диди Комбс во понеделник, што е петти пат како му е одбиено ослободувањето со кауција, пренесе „Гардијан“.

Шон „Диди“ Комбс не може да се врати дома од затвор за да ја чека пресудата за обвинението поврзано со проституција, изјави судијата во понеделник, отфрлајќи го последното барање на могулот за кауција.

Комбс е зад решетки од неговото апсење во септември. Тој се соочи со федерални обвиненија за принудување на девојки на сексуални дејствија потпомогнати од дрога со машки сексуални работници додека тој ги гледал и снимал.

Тој беше ослободен минатиот месец од главните обвиненија – рекетирање и трговија со луѓе, додека беше осуден по две точки од обвинението за кривично дело поврзано со проституција.

Пресудата носи потенцијал за казна затвор до 10 години. Но, постојат комплицирани федерални упатства за пресметување на казните во секој даден случај, а обвинителите и адвокатите на Комбс имаат значителни несогласувања околу тоа како се дефинираат упатствата за неговиот случај.

Во судските документи објавени од списанието „Пипл“, судијата Арун Субраманијан наведува дека судот мора „јасно и убедливо да утврди дека лицето нема да избега ниту да претставува опасност за безбедноста на другите или заедницата доколку биде ослободено“. Судот заклучи дека Комбс претставува ризик од бегство и потенцијална закана за безбедноста.

Судијата дополнително појасни дека за Комбс да биде ослободен, ќе мора да постојат „исклучителни причини“ за негово ослободување – вклучително и недвосмислена проценка дека тој не претставува ризик од бегство или опасност, како и „уникатни околности“ како што се напредна возраст или сериозни здравствени проблеми што затворскиот систем можеби нема да може соодветно да ги третира. Врз основа на она што беше изнесено, судијата Субраманијан заклучи дека Комбс „не ги исполнува условите за ослободување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот