
Судбината ќе им биде наклонета: Четири хороскопски знаци ќе ја најдат својата сродна душа во септември
Ако сте родени во еден од овие четири знаци, септември може да биде месец кој засекогаш ќе ви остане во сеќавање. Ѕвездите најавуваат дека токму тогаш ќе ви се отвори шанса да ја сретнете својата сродна душа, пишува „Атма“.
Препорачано
Астро-предвидувањата укажуваат дека планетарните транзити, затемнувањата и аспектите носат нови почетоци и љубовни приказни кои може да бидат долгорочни и значајни. Сепак, важно е да се нагласи дека иако судбината има голема улога, љубовта бара и лична иницијатива. Потребно е да бидеме отворени, да преземеме чекор и да му веруваме на сопствениот внатрешен глас.
Бик
За Биковите ова ќе биде месец полн со изненадувања. Помрачувањето на Сонцето во Девица на 21 септември ја активира нивната куќа на љубовта и страста. Тоа може да донесе ненадејна средба или флерт кој ќе прерасне во сериозна врска. Сонцето, Венера и Меркур во Девица ќе ја разбудат нивната креативност и шарм, а Јупитер во Рак ќе ја зголеми нивната самодоверба.
Порака: излезете од зоната на удобност и дозволете спонтаноста да ве води.
Рак
За Раковите, септември е месец кој носи судбински средби. Јупитер транзитира низ нивниот знак – редок аспект кој носи силна магнетичност. Помрачувањето на Месечината во Риби на 7 септември ќе им помогне да се ослободат од минатото и да создадат простор за нова љубов. Влегувањето на Марс во Скорпија на 22 септември ќе ја засили нивната страст и храброст.
Порака: осмелете се да го направите првиот чекор и дозволете ѝ на ранливоста да ве доближи до љубовта.
Јарец
Иако Јарците често се посветени на работа и цели, септември ќе ја истакне нивната потреба за љубов. Јупитер во Рак ја осветлува нивната куќа на партнерствата, а тоа е еден од најповолните транзити за нови врски. Помрачувањето на Сонцето во Девица може да донесе средби поврзани со патувања, предавања или деловни настани. Марс во Скорпија ќе ги поттикне да бидат поотворени и посоцијални.
Порака: одвојте време за љубов – кога ќе ја покажете својата нежна страна, ја отворајте вратата за вистинската сродна душа.
Водолија
Водолиите овој месец ќе бидат ставени во фокусот на љубовта благодарение на Венера во Лав која го активира нивниот сектор на партнерства. Пријателствата и познанствата лесно може да прераснат во нешто повеќе. Средината на месецот е особено поволна – хармоничниот аспект меѓу Венера во Лав и Марс во Вага ќе донесе можност за средба која ќе биде длабока и искрена. Плутон во нивниот знак дополнително ја нагласува автентичноста и привлекува луѓе што ќеи ги ценат такви какви што се.
Порака: не анализирајте премногу – препуштете се на чувствата и бидете отворени за љубов која може да никне од пријателство или заеднички проект.