Фото: Profimedia

Студентската листа подготвена за предвремени избори во Србија, се чека Вучиќ да ги распише

По месеци шпекулации, студентскиот список со кој младите би излегле на предвремени избори во Србија е подготвен, пишува Нова.рс. Професорот на Филозофскиот факултет во Белград, Јово Бакиќ, потврди дека списокот е формиран и дека „време е јавноста да ги дознае најмалку десетина имиња“. Студентите, пак, велат дека ќе ги чуваат доверливо сè додека претседателот Александар Вучиќ не ги распише изборите.

Бакиќ: „Стравот го кочи Вучиќ“

Во интервју за неделникот Време, Бакиќ предупреди дека зад колебањето на Вучиќ стои „огромен страв од губење на слободата“.

Тој смета дека формирањето на студентска листа и уште една вистинска опозициска партија би можело да биде „добро решение“ ако двете страни се воздржат од меѓусебни напади.

„Ако режимот победи, ќе се соочиме со избор – или ќе ја напуштиме земјата или ќе станеме робови на организираниот криминал“, изјави тој.

Студентите: Тајност поради притисоци

Студентот на Правниот факултет, Александар Нововиќ, потврди дека листата е речиси финализирана, но оти официјалниот став е дека нема да се објави пред изборите да бидат распишани.

„Кандидатите се чуваат во најстрога тајност поради можна медиумска експонираност“, изјави еден од студентите за Нова.

Програмата: од корупција до животна средина

Програмата на студентската листа, претставена на собир во јуни, предвидува:

  • борба за фер избори, независно судство и слободни медиуми,

  • борба против корупцијата и заштита на животната средина,

  • реформи во јавните претпријатија, здравството, образованието, науката и земјоделството,

  • подобрување на работничките права и јакнење на локалната самоуправа.

Листата, исто така, промовира директна демократија, политичка одговорност и зачувување на националниот суверенитет. Кандидатите не смеат да бидат студенти, ниту лица поврзани со владејачката коалиција или со парламентарната опозиција.

Вучиќ калкулира со датумот

Иако студентите се подготвени, изборите сè уште не се распишани. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека тие би можеле да се одржат во април, мај или дури во декември следната година, што дополнително ја продлабочува политичката неизвесност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот