Фото: EPA-EFE/JAGADEESH NV

Студентките кои застанаа на патот на полициските палки сега се симбол за храброст во Индија (ВИДЕО)

Студентки од Индија станаа симбол за храброст откако формираа „жив ѕид“ за да го заштитат својот колега од силните удар на полициските палки. Ова се случи за време на масовните протести во Њу Делхи, кои се одржуваат поради новиот контроверзен граѓански закон, пренесуваат британските медиуми.

На снимката објавена речиси од сите светски медиуми, може да се забележи како група полицајци влечат еден демонстрант, а потоа го удираат со палки додека лежи на земја.

За да го запрат претепувањето од страна на полицијата, неколку девојќи формираа „жив ѕид“ и ја одвратија полицијата од својот пријател. Поради храбриот потег, девојките се прогласени за хероини, во момент кога во Индија беснеат масовни протести поради контроверзниот закон.

Станува збор за законот кој овозможува добивање на државјанство на имигрантите кои не се муслимани, а нелегално влегле на територијата на Индија од соседните земји.

Врховниот суд на Индија го одложи разгледувањето на уставноста на новиот закон за државјанство, и покрај масовните протести ширум земјата.

Судот со тоа не ја суспендираше примената за новиот закон за индиско државјанство, а одлуката за неговата уставност ќе ја донесе на 22 јануари, пренесува „АП“.

Протестите против законот избија во државата Асам минатата недела, но тие потоа станаа насилни и се проширија на универзитетите ширум земјата. Протести се организираат и во индиските држави Западен Бенгал, Керала и Карнатака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!