Протести во Белград / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Студентите во блокада ја менуваат локацијата на денешниот протест заради избегнување евентуално насилство

Во главниот град на Србија денеска попладне се очекува голем протест, наречен „15 за 15“ предводен од судентите во блокада, а кој првично беше планиран да се одржи пред Народното собрание во Белград. Но, студентите ја сменија локацијата и тој ќе се одржи на плоштадот Славија.

Како што соопштија студентите на ЕТФ во блокадата, се решиле на овој чекор за да спречат евентуално насилство. Учениците кои синоќа од разни правци во Белград пристигнаа со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од

Бројни граѓани на Теразије. Се проценува дека имало околу 31.000 граѓани.

Српското МВР соопшти дека за време на дочекот се уапсени две лица поради нарушување на јавниот ред и мир и дека се оштетени голем број трактори во близина на Пионерскиот парк.

Студентите денеска ќе пристигнат на местото на протестот од четири правци – од Автокоманда, од плоштадот Република, од булеварот Крал Александар и од Нов Белград.

Собирот е најавен на кружниот тек кај општина Нови Београд во 10:00 часот, кај Автокоманда во 11:30 часот, додека во 13:00 часот е планиран собир кај споменикот Вук, како и кај Плоштадот на Републиката.

Студентите од факултетите во Вождовац најавија дека ќе ја блокираат Автокоманда од 11:52 часот, кога ќе одржат 15 минути молк за 15-те загинати во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември. Блокадата ќе трае до 13 часот, а потоа ќе се упатат кон централното место на протестот, каде ќе се обединат со другите групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот