Фото: Pexel

Студентите кои биле одбиени или не аплицирале за студентски оброк можат да аплицираат до 7 јануари

Студентите кои биле одбиени или не аплицирале на претходните повици за субвенциониран студентски оброк, имаат рок до 7 јануари да аплицираат преку порталот Е-услуги.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, оние студенти кои ги исполниле условите ќе бидат информирамирни преку порталот каде ја поднеле апликацијата.

-Потоа, потребно е да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка со која МОН склучи нефинансиски договор за реализација на мерката и да ги ажурираат своите податоци на, по што ќе добијат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскaта студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк – велат од МОН.

МОН исто така има отворено и електронска адреса на која студентите можат да се обратат за каква било информација или поддршка при апликацијата – [email protected] или во наменската канцеларија.на приземјето во зградата на министерството.

Потсетуваме дека можноста за аплицирање ќе биде отворена и секој нареден месец, од 1ви до 7ми, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина – додаваат од МОН.

Студентите кои биле одбиени или не аплицирале за студентски оброк можат повторно да се пријават од 1 до 7 секој месец

Најдоцна од следниот семестар, субвенцираниот студентски оброк ќе се исплаќа на неделно ниво, односно наместо по 140 денари дневно, студентите во понеделник ќе имаат на располагање 840 денари, средства што ќе можат да се трошат во текот на таа недела.

Со оваа одлука, студентите во понеделниците ќе имаат на располагање 840 денари, средства што можат да ги потрошат во текот на таа недела.

Од следниот семестар наместо 140 дневно за оброк, студентите ќе добиваат 840 денари неделно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот