Изложбата „Затаени мигови“ е поставена во Галерија ФЛУ (Педагошка)

Студентите Дефне Еминовска, Јоана Арсовска и Бојан Вртев се добитници на наградата „Четири мајстори на модернизмот“

Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје објави дека студентите Дефне Еминовска, Јоана Арсовска и Бојан Вртев се добитници на наградата „Четири мајстори на модернизмот“.

Наградата се доделува во чест на основачкиот кадар на ФЛУ и професорите Петар Мазев, Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков.

Под менторство на ред. проф. м-р Антони Мазневски, добитниците на наградата ќе се претстават со самостојна изложба „Затаени мигови“ во Галерија ФЛУ (Педагошка) на 5 мај (понеделник), со почеток од 20 часот, известија од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот